Monday, April 6, 2015

СЕРТИФИКАТИ ЗА МИР - ПАНЕВ ВИОЛЕТА ВО ООУ Х.Т.КАРПОШ

Сертификати за мир доделени на учениците, менторот по англиски јазик и на училиштето ООУ Кристијан Тодоровски Карпош



Х.Т.Карпош -1б / 9
     Амбасадори на мирот оваа пролет беа малите дечиња кои учествуваа на Меѓународниот јазично-ликовен натпревар во САД Пријатели на Мирот 2015 кој се организира по 18 пат, од 1997 год. до денес во 86 земји ширум светот  на тема - Љубовта кон Хирошима. Педесетина дечиња од најмала возраст при ОУ Кристијан Тодоровски Карпош водени и придружувани од менторот по англиски јазик Виолета Панев и во соработка со одделенските наставнички под логото Нека владее мир во светоттвореа и испраќаа мировни и љубовни пораки до децата во Хирошима. Тие имаа задача да пишуваат пораки на мир и текстови наменети за децата во Јапонија, чиј град Хирошима годинава слави 70 години мир  од паѓањето на атомската бомба.

 Х.Т Карпош -  1а / 9 
     Целта на натпреварот, покрај интегративниот карактер за практикување на вештината на  пишување на различни јазици и уметничко творење, има за цел да го подигне нивото на свесност за важноста на мирот кај младите луѓе преку јазични и ликовни творби кои ќе бидат вклучени во меѓународната изложба на творби во Њујорк. Ваквите активности се стремат кон глобална свест за почитување на детските права и поттикнување на децата и младите да се посветат на духот на љубовта, слободата и мирот во светот. 
Х.Т.Карпош - 2б/9 од
  Воедно сака да го потсети човештвото на грешките од минатото кои не смеат никогаш да се повторат на децата од ниедна нација во светот и преку креативните активности да ги артикулира  критериумите  за почитување на различноста и единственоста на хуманата фамилија во светот. На тој начин внатрешниот мир и глобалната свест на лидерите на денешницата ќе помогнат за изградба на иднината каде мирот и хармонијата се начин на живот.

Подршка од  менаџментот  на ООУ "Х.Т.Карпош"
Учениците-учесници во корелација со наставниот и стручен кадар направија мини изложба на своите изработки а при презентацијата на истите им се врачуваат Сертификати за мир од страна на меѓународната организација Општество за мир во светот во рамките на Обединетите Нации со седиште во Њујорк.
   Логото на овој проект е The Earth Friends (Пријатели на Земјата), а партнер подржувач на  активностите е глобалната мрежа за заштита на човековата околина Earth Day Network.
Лого на проектот
The Earth Friends
     По повод Денот на Земјата активностите во рамките на ЕКО програмските цели се реализирани во текот на март 2015г., а  настанот – презентација на творбите се реализира од 21 до 23 април и  е објавен на сајтот на Earth Day Network како нивен партнер во борбата за заштита на Земјата, развивање љубов и грижа кон човековата околина и нејзините жители.






Панев Виолета - наставник по англиски јазик
линкови:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42715165261&id=25&prilog=1&setIzdanie=23455
http://karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3492:2015-04-07-11-57-19&catid=3:vesti


No comments:

Post a Comment